СЛАВЧО КУЗМАНОСКИ Е НОВИОТ КОМАНДАНТ НА КАСАРНАТА

DSC07268

Должноста командант на Артилерискиот баталјон во касарната ,,Мирче Ацев,, потполковник Ѓорѓи Василевски ја предаде на досегашниот заменик, потполковникот Славчо Кузманоски. Кузманоски вети дека ќе го даде својот максимум за постигнување на уште подобри резултати во иднина.

Пред стројот на единицата и присутните гости во своето обраќање, командантот на првата пешадиска бригада, полковникот Бесник Емини, истакна дека командант на баталјонот претставува железна тупаница на првата бригада и без чија поддршка не би можеле да функционираат и останатите единици во Армијата.

На примопредавањето, присуствуваше началникот на ГШ генерал потполковник Васко Ѓурчиновски и градоначалниците на општините Прилеп и Новаци.

Свеченоста заврши со примопредавање на военото знаме на баталјонот меѓу командантитен со почитување на протоколите за заштита.

Loading