КАКО НОВ СТАРИОТ ПАТ ЗА БИТОЛА

Горан Сугарески, министер за транспорт и врски

,,Завршуваме со рехабилитација на стариот пат од Прилеп – Битола, многу значаен за регионот. Инвестицијата е 1 милион евра,,.

Ова го напиша на ФБ министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, најавувајќи силни градежни активности во прилепско и во Пелагонија.

-Се работи на патот од Дреново до Фариш. Месецов ЈП Државни патишта ќе објави тендер за рехабилиатција на трите ленти од Фариш до Прилеп, тендер за експресниот пат Дреново – Фариш. Понатаму ќе се работат преку Македонија пат десетина патишта годинава. Активно се работи и во Крушево, во Битола, во Демир Хисар. Пелагонскиот регион е градилиште. Продолжуваме… – напиша Сугарески по увидот во градежните работи.

Loading