ПРОЛЕТНО РАЗУБАВУВАЊЕ

96150653 2588441498077627 8804321264719101952 o

Комуналец пролетва ги збогатува урбаните средини со раскошни цвеќиња. Наместо дупки, осамнува цвеќе во жардењерите и парковите. Нови цветни аранжмани или обновување на старите е направено во парковите во центарот и на Паркот на револуцијата, но и во населбите Точила, Ѓогдере ,,Димо Наредникот,,…

Брзата вегетација од пролетните дождови ги предизвикаа комуналците да ги засучат ракавите и да ја косат набуената трева низ коритото на реката.

При крај е уредувањето на населбата Ѓогдере. Претстои хортикултурно уредување. Таму е ископан бунар и поставена е мрежа за наводнување на парковите и одржување на зеленилото.

Паралелно се прскаат со хербициди плоштадите, бекатон патеките низ парковите и други јавни површини за уништување на плевелите и тревите. Средството не е штетно по здравјето на луѓето и животните.

95662977 2588441428077634 4467053570260205568 o

Loading