ЗАТВОРЕНА ТЕКСТИЛНА КОМПАНИЈА, ПАЗАРОТ ПАК СЕ ОТВОРА

До 1-ви април, заболени 12 прилепчани, а 212 во самоизолација поради корона висрусот

Gradski pazar

Затворена е текстилна компанија во градов, бидејќи вработена на 59 години е заразена со корона вирусот. До 1- ви април во Прилеп се  регистрирани се 12 лица позитивни на вирусот Ковид 19, а вкупно 212 лица се во самоизолација. Локалните власти откако ги регистрилале турканиците во трговската мрежа предизвикани од затворањето на градскиот пазар, повторно  дозволија работа на пазарот, но со скратено време од понеделник до петок од 8 до 15 часот, со строги мерки за заштита.  

Надлежните од здравството не сакаат јавно да го соопштат името на компанијата, но потврдуваат дека сите вработени се ставени во самоизлација. Од почетокот на пандемијата вкупниот број се искачи на 12 прилепчани. На 1 април, до затворањето на весникот, беа потврдени и нови две лица, маж и жена, на 61 и 64 години. Се работи на епидемиолошка анкета на контактите.

–  Четирите новопотврдени случаи не се поврзани со првопотврденото жариште. Чекаме извештај за уште 5 брисеви, за кои немаме никаква информација, а секојдневно во Институтот за јавно здравје во Скопје се пуштаат помеѓу 10 и 20 брисеви – рече Драгица Николоска, директор на Центар за јавно здравје Прилеп.

Градскиот пазар ќе функционира секој работен, од понеделник до петок од 8 до 15 часот. Редарската служба ќе се засили, а на продавачите на тезгите ќе им се дадат заштитни маски, нараквици и штитници за лице. Ќе биде побарано како економска мерка, закупците да бидат ослободени од надоместокот за користење на пазарот од април, до завршување на вонредната состојба.

dezinfekcija na avtomobili

– Апелираме до пензионерите и граѓаните над 65 годишна возраст, да пазарат во периодот од 8 до 11 часот, а сите останати од 11 до 15 часот. Помладите да се придржуваат на препораките, повозрасните да бидат што помалку изложени на ризик од инфекција – рече градоначалникот Илија Јованоски.

Општина Прилеп, во координација со Општинскиот штаб за управување со кризи, ги интензивира мерките за справување со коронавирусот и заштита на здравјето на граѓаните. Поставени се автоматски апарати за дезинфекција на возилата кои влегуваат во Прилеп. Прскалките се на 4-те влезови со специјално дезинфекциско средство и работат на сензор.

Нови два пункта за тестирање

Во Прилеп ќе бидат отворени уште еден, до два пункта за тестирање од коронавирус.

– Од Министерството за здравство имаме насока секој Здравствен дом дополнително да отвори еден до два нови пункта за тестирање од коронавирус. Пунктовите треба да бидат изолирани, има протокол каде треба да се наоѓаат и како ќе биде сето тоа реализирано – рече  Оливера Аџиоска, директорка на ЈЗУ Здравствен дом.

Од болницата, пациентите со потешка клиничка слика, се испраќаат на понатамошно лекување во Инфективната клиника во Скопје.

Loading