ПРИЛЕПЧАНЕЦ – ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОСЈ

Историја

Некогаш тешко беше прилепчанец да стане претседател на некој спортски сојуз на Македонија, а камоли на Југославија. Речиси невозможното му успеа на сограѓанинот Милорад Думбалоски. Тој во април 1991 година ја презеде функцијата претседател на Одбојкарскиот сојуз на Југославија. За својот мандат најави нов систем натпревари, а за прилепската одбојка изјави:

-Ако сакаме 11 Октомври, а и другите екипи, да го подобрат квалитетот, со тоа и резултатите, треба да се огледаме на Струмица – порача тој.

По распадот на Југославија, стана претседател на ОС на Македонија.

Loading