МОНОГРАФИЈА ЗА 35 ГОДИШНИНАТА ОД МАРИОВСКО – МЕГЛЕНСКИТЕ КУЛТУРНИ СРЕДБИ

Бел ден виде монографијата ,,35 години Мариовско – мегленски културни средби,, од Стојан Ѓуроски. Отсликани се три ипол децени на здружението ,,Мариовско – мегленски културни средби,,. Пишаниот запис ја акцентира традицијата, негувана на средбите на малкуте останати и отселените жители на Мариово и Меглен.

На 135 страници се обработени значајните периоди на здружението со акцент на издавачката дејност. Монографијата систематично го пренесува развојот на средбите кои се одржуваат во најретко населениот дел од земјава, Мариово.

Loading