Стадион „Гоце Делчев“
Многу поубаво од порано изгледаат двете трибини на Градскиот стадион ,,Гоце Делчев”. Сите редови се разубавени и зацврстени со бетон, а помалата трибина покриена и во неа одредени простории за ложа. Добро е и што се поставија рефлектори и оградни ѕидови. Но, објектот се уште е далеку од функционален. Затоа со нетрпение се чека затоплување на времето за да продолжат работите. Извесно дека на ред е поставување седишта и трева. На теренот сега има песок.
Последниот првенствен меч тука беше пред четири години: Победа – Влазерими.