ВАКА ДА ИГРААТ ЗА БОДОВИ

Фудбал – Победа

Pobeda

Екипата на Победа одлично игра во подготвителниот период. Билансот е: четири пријателски меча – четири победи. Прво дома: со 4-1 совладан беше третолигашот Напредок, со 1-0  второлигашот Кожуф. Потоа на гости: 0-2 против третолигашот Слога, 0-1 со второлигашот Лабуништа. Обично се смета дека пријателските дуели не се мерило, но резултатите барем даваат надеж. Осум гола постигнати, само еден примен – само така нека се продолжи. Во средата беше и петтиот меч, кај второлигашот Кадино во Скопје.

Значајни пријателски меѓународни натпревари против српскиот Вождовац од Белград одиграа младите категории на Победа на возраст меѓу14 и 18 години. Во Охрид генерацијата родена 2006-та загуби со 1-3, таа од 2004-та изваде 1-1, а 2006-та загуби со 1-2. Во вторникот силите ги одмерија генерациите родени 2003-тата. Кулминација на серијата ќе бидат пријателските дуели против белградска Црвена звезда. На 20 февруари ќе има два меча – првиот на генерацијата 2002-ра,  вториот на 2003-та и 2004-та.

Loading