ВЕНЦИ НА ГЕРМАНСКИТЕ ГРОБИШТА

germanski grobista

Се одбележа годишнината од крајот на Првата светска војна на германските воени гробишта. За денот на народната жалост и одбележувањето на примирјето од 11 ноември 1918 година имаше пригодна комеморација. Делегации на дипломатскиот кор, армијата, локалната власт положија венци со цвеќиња за 101 годишнината од крајот на Првата светска војна и во спомен на загинатите, изчезнати и раселени лица од сите војни и од сите народи.

Германскиот амбасадор Томас Герберих истакна дека е неопходно да се развие способност за помирување, да се создаде свет во кој цврстата волја е обединета, а ужасите од војните да се испратат во арсеналот на историјата. Сите сфатиле дека не сакаме никогаш повеќе да се повтората војните.

– Германците и Французите соработуваат, се среќаваат со години. Двете земји негуваат пријателство во рамките на ЕУ – рече германскиот амбасадор Герберих.

Loading