СО БОГАТИОТ АСОРТИМАН ДО НОВИ ПАЗАРИ

Витаминка на меѓународни саеми

Vitaminka Dubai

 

Витаминка е еден од најголемите изложувачи на Интерфуд 2019, Меѓународниот специјализиран саем за храна, пијалаци, амбалажи и производствени апарати во Софија. Ја претстави производствената програма, како и производните практики и на Саемот за кондиторски производи во Дубаи. Со тоа ја продолжува амбициозната потрага по нови пазари.

Меѓународниот саем во Софија е еден од најпрестижните настани во прехранбената индустрија од Југоисточна Европа. Витаминка секоја година е присутна на саемот. Досегашното искуство ги потврдува предностите и бенефитите од присуството. Преку својата фирма во Бугарија, Витаминка  долго работи на афирмација на своите производи на локалниот пазар.

Interfood Sofija 3

Покрај контактите со потенцијални партнери од пазарите во Југоисточна Европа, Витаминка дополнително ја зацврстува позицијата на бугарскиот пазар каде Чоко Стоби флипс, Атлантис, Бонитас, Кукис, Деспина, Весели јајца, Фрути и останатите производи се веќе познати брендови и висококвалитетни производи.

Со богатиот асортиман, разните производи, широкиот спектар производни програми, Витаминка се претстави и на Саемот за кондиторски производи во Дубаи, Yummex, еден од најреномираните специјализирани саеми за кондиторија во организација на Koelnmesse, затоа што директно го отвора патот кон азиските земји, што претставува растечки пазар. Голем дел од асортиманот, почнувајќи од производите што се посебно интересни за странските пазари, слатката и солената програма, беа изложени на штандот на Витаминка каде посетителите се запозна и ги пробаа и вкусевите. Посебно новитетите веќе ги предизвикаа првите позитивни импресии.

-Yummex е најголем настан во индустријата за слатки и солени производи во Средниот Исток. Се поврзуваат таргетирани производители и добавувачи и се презентираат најновите алатки за подобрување на бизнисот во производство на кондиторски производи. Конципиран е да го препознава зрелиот деловен потенцијал во регионот како водечки меѓународен центар за производство и преработка и да служи на глобалната меѓународна побарувачка. Во таа насока и присуството на секое саемско издание е потребно и клучно за развој на бизнисот – изјави Љупчо Велески, директор за извоз во Витаминка.

На двете саемски панел конференции претставници од Euromonitor, Nielsen, Carrefour, Hershey говореа за најновите трендови во оваа индустрија.

Со непосредна презентација на квалитетот на производите, Витаминка неодамна се претстави и на саемот за храна и пијалаци, Ануга 2019 во Келн, Германија. Покрај главното саемско претставување, Ануга нуди дополнителни активности и содржини, што го прави атрактивен не само за изложувачите, туку и за сопственици на малопродажни синџири, произведувачи на полупроизводи, трговци, но и граѓани.

Loading