СИ ЈА ЗАСЛУЖИВМЕ СУДБИНАТА

pismo-2

Древна мистична Македонија. Чуден спој на божјата промисла за библиска Македонија: целата писменост во Европа започнува од Охрид, од Македонија.

Учете го албанскиот јазик, ќе ви треба, ни препорачуваат од Владата. Мало сутра, што би рекол нивниот шеф. Законот за јазиците е директен удар врз унитарноста на Македонија. Го исплукаа и македонскиот јазик претворајќи го во мајчин јазик. Јазична окупација.

Продолжуваме со реализација на преспанското самоуништување и обезличување на македонскиот народ. Самоуништувачки успеси за кои и меѓународните нé сожалуваат.

Избори нема да има ни во април, ни во мај, ниту во јуни. А и не се потребни. Само прашајте ги Али Ахмети и Села со кого ќе коалицираат под сугестија на надворешните.

Рекетот – што беше тоа? Заборавивме. И после сите случувања, се обидуваат овие дефекти да се пласираат како ефекти.

Кочете малку Македонци. Што се случи таму кај вас, ме прашуваат моите пријатели. Од она нормално малку е останато – им одговарам. Ова не е крај на нашата беда, ова е почеток на нашиот срам. Без суверенитет, со во гасни комори идентитет. Човек под хипноза зборува за реинкарнација. “Која беше вашата главна лекција во последните два живота? Зачувување на идентитетот без разлика на тешкотиите!”

Што досега чекавме овие години и не објавивме дека членството во НАТО и ЕУ не можеме да го трампиме за македонското име, јазик, историја, идентитет. Кога македонските политичари го потпишуваа Преспанскиот договор мислевме дека си ги потпишуваат своите политичко – морални смртни пресуди, но се потврди дека тоа било смртна пресуда за нацијата.

Кога имаш претензии да раководиш држава, твоето мислење треба да е на нивото на државниот интерес. Не преговарајте за нешто за кое не се преговара. Вие македонски политичари што капитулиравте пред аутсајдери, покажете лично и државно достоинство, личен и државен авторитет. Треба да знаете дека не постојат мали и големи народи. Вистинско лидерство не е да ги кренеш рацете по нечија препорака и по нечии желби, туку да кажеш јасно и едноставно: Тука е Македонија и сите останати понатамошни приказни се излишни.

Деновиве слушам дека за сé ова што ни се случува виновни биле спомениците. Само да постои можност да станат жртвите за Македонија и да не бидат повеќе споменици, шахтите ќе ги стружете одвнатре. Не ќе се видат никакви договори и платформи.

Многу гнев се насобра во овој наш народ македонски. Да се тешиме со зборовите на Виктор Иго: “Гневот е доказ дека сте во право.”

Единствена можност да победи она што не го сакаме, е добрите луѓе да не прават ништо.

П.С. Со изградбата на Могилата на непобедените, се носеа моштите на паднатите борци. Јас како ученик помагав во носењето на моштите на мојот татко. Сандачињата со моштите беа наредени пирамидално, секое со свое бројче. Еден од говорниците рече: Во случај на промена на политичките прилики и дојде до рушење на Могилата, вие со бројчињата ќе можете да си ги земете моштите. Мудар и видовит човек.

Прим. Д – р. Б. Дамески

Loading