ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

marul

Фељтон: Томе Велјановски (11)

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

Стрико Божин аџамија не послуша. Замина заедно со Грујо Шијако, го пречекаа Муса на патот кога се враќаше од Лопатица со набодните го изнатепале, питулица го направија. Се вратија на нивата кај нас и ни рекоа сега одете си дома на овој ден повеќе нема работа. Се слушна преку сите аргати в поле што направија Божин Степаноски и Грујо Шијако од страв се што беше излезено в поле од Лопатица се врати за кратко време дома.

Селскиот кмет коџобашија Стојан Здравески посвесен човек неуплашен отиде и јави кај мудурот во соседното село Подмол што се догоди дента во лопатичкото поле и навреме се врати дома претепан во Мусинци и јавил во селото што му се дента случило и кои се тепачите. Лопатичани се спремаа за одбрана за секој случај. Турските заптии кога дојдоа под селото Лопатица за да ја видат работата со тепачката стаса поголема група мусинчани качени на коњи со пушките на рамо, загарите пред нив за да имаат одмазда во селото за претепаниот Муса пеливанот питуличарот.

Лопатичани се спремија за одбрана во случај од некаков напад од страна на мусинчани. Турските власти заптиите кога дојдоа по селото Лопатица за да видат во што е работата со тепачката дента меѓу Муса со Божин и Грујо, стасаа мусинчани качени на коњите со пушките на рамо со загарите пред нив за да вршат одмазда во нашето село Лопатица за тепањето на Муса пеливано.

Турските заптии го спречија влегувањето на мусинчките коњаници да влезат во с. Лопатица за да има одмазда за Муса пеливанот. Сватија дека ќе има крвопролевање од двете страин и голема одговорност пред конзулите во Битола.

Во истото време додека се расправаа заптиите и мусинската коњаница четата на Толе Паша беше во калето горе во Бобишта со 12 четници беше лопатинчани навреме ја известија четата со молскавична брзина зазеде пусија во коријата против мусинската потера во знак против мусинчаните поддршка на с. Лопатица каде испука дв аистрели од пушка. Откако ги слушнаа истрелите од пушките од коријата заптиите и мусинската кавалериска потера замислија подлабоко во голем страв не беа сигурни уште можи да има комитски чети фатено пусија наоколу селото Лопатица ако течи лопатичка христијанска крв течи и мусинска муслиманска крв. Мусинската потера од под с. Лопатица почна со извикување акба – алах, акба – алах го урпари домузари и така со погрдни зборови се вратија назад во с. Мусинци. Баба Трајана Степаноска со крената тупаница во висина и во знак на храброст велеше дека не му се стегал џоџела на мусинчани да влезат во Лопатица каде ќе беа исечени на мали парчиња.

Откако се врати назад за дома мусинската потера турската милиција од седуммина дојдоја во нашето село и преку повикот на селскиот протуѓер под наредба на заптиите цело село се собра на сред село да ја кажат вистината за тепачката меѓу Муса Муслиоски и Ристејца Степаноска. Селски протуѓер беше Неделко Тресиглава. Заптиите ги побараа и тепачите Божин Степаноски и Грујо Шијако. Селаните им дадоа одговор на властите дека Божин и Грујо со нивните пушки заминаа во непознат правец со нив е заминат мажот на Ристејца Степансока Ристе ако се врата ќе ги обавестатиме да се јават до вашиот мудурлак во с. Подмол.

Насобраните лопатичани на сред селото ги искажаа нечесните работи на пеливанот Муса. Ефенди и заптии, ние лопатичани од детство од времето како воловарче го познаваме Муса. Често пати доаѓаше кај нас да побара за пиење. Се случуваше да дојди за ручек да побара вода. Никогаш не сме го одбивале. Беше гороглед, имаше малце маана со видот. Гледаше вркстено. Ни беше грева да го падиме. Се познаваме добро со Муса. Муса пеливанот растеше и карактерот го менуваше, почна да иди в село за ручек да си порачува. Ние го трпевме. Се ожени, создаде фамилија. Стана ловџија со загари. Почна Муса да порачува повеќе јадење за цела негова фамилија, па и за загарите, ртовите. Јадењето да биди тој што ќе го порача и времето и денот закажани. И тоа сме го трпеле.

Во отворениот разговор меѓу заптиите и лопатичаните се слуша нафрлување од страна на лопатичаните. Муса ја направи грешката за да се дојде до ова дереџе што го истури јадењето на Ристејца Степаноска. Аргатите гладни и жедни на жешкото јулско сонце, а тој ќе брка узурлаци. Се налутија Божин и Грујо го натепаа. Ќе му помини, ќе се смириме се слушна гласот од присутните луѓе на лопатичкото сред село. Се слушна благослов од заптиите. Бравос бре синковци. Така треба. Нов ден, нова навака.

Дофрлија лопатичаните кон заптиите. Ефенди заптии тие денес што дојдоа со коњите да паправат одмазда заради Муса сите со крвави раце. Седат во заседа и убиваат невини луѓе како платеници од турската страна и од христијанската страна. Зошто не се крена сето население од Мусинци да ја брани честа на Муса Муслиоски. Туку чесните домаќини денес се попат, како нас, на жнеење. Тие убаво го знат Муса, оти сака да живее на гага, на туѓ грб без работа.

Откако заптиите го слушнаа кажувањето на селаните направија една селска давија и си отидоја назад во Подмол, во душите незадоволни што не успеаа да ги фатат тепачите. Ги оставија лопатичани да потсобератнови физички и психички за работа на наредниот ден.

После неколку дена се дозна дека Грујо, Божин и Ристе се приклучиле уште истата вечер во четата на Толе Паша. Грујо си ги остави четирите деца и жената во грижа на татко му Никола и мајка му Јана. Стрико Божин беше млад, неженет. Стрико Ристе си ги остави петте деца Божин, Ѓорѓија, Китан, Трајан и Стоја со се жената. Не помина многу време од бегстворо, си дојде како уплашен со жал за децата и жената. Жените наши Степаноски одеа по разни бајачки и гледачки да му помини болеста и стравот што навлегол во него од тепачката на неговата жена со Муса. Со времето се разбра дека во еден разговор со брат му Божин, стрике Ристе му рекол на Божина дека слушал оти грчките чети плаќале пари да одиме ние со тебе таму.

Божин, брат му, оваа негова дума му ја пренесол на војводата Толе Паша. Тој го викнал стрико Ристе и го натурал да зини. Само што зинал стрико Ристе, Толе извадил една рака жолтици од џебот и му ја наполнил устата со пари. Ако си гладен за пари, а не за слобода, од сега наваму, јас те платив и ќе те судам за твоите грешки. Му удрил по една шлаканица на образите и го набркал да си оди дома. Се дозна зошто си дојде стрико Ристе и лопатинчани. Му ставија прекар Ристе Грко. Прекарот му остана вечно.         

Продолжува

Loading