ЗДРАВИ ЗАБИ ЗА ЖИВОТ ОД ЕДЕН ВЕК

zabi

Од кога постои човекот, постои прашањето за животот и смртта. Отсекогаш луѓето се интересирале колку долго ќе живеат и дали може да се предвиди векот на живот.

Според бројот на загубените заби може да се предвиди должината на животот. За должината на ,,овој свет,, укажуваат и болестите од кои боледува човекот или за кои има предиспозиција дека ќе заболи. Луѓето кои ги имаат сите свои заби до 74 година имаат шанси да доживеат 100 години, покажале некои истражување. Оние кои до својата 65 година изгубиле 5 или повеќе заби, веројатно ќе заболат од сериозни здравствени проблеми, како кардиоваскуларни болести, дијабетес, остеопороза. Сето ова е поврзано со квалитетот на живеењето, социоекономската ситуација и со стресот.

Луѓето може да ги изгубат забите поради многу стресни или трауматски состојби, лоша орална хигиена, воспалителни болести на непцата или поради пушење и џвакање тутун. Тоа може да биде поврзано со болести на срцето или дијабетесот. Губитокот на забите е показател за лош квалитет на некој дел од човековиот живот и за зголемениот ризик од сериозни здравствени проблеми. Експертите истакнуваат дека е неопходно да се мијат забите двапати дневно со пасти кои содржат флуор и да се намали внесот на шеќер. Треба да се обрати внимание на ,,однесувањето,, на забите, бидејќи тие се први показатели за здравствени проблеми.

Loading