ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (10)

marul

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

Учителот Грујо Шијако

Уште од порано напоменавме дека Грујо Шијако е роден во с. Лопатица, прилепско помеѓу годините 1860/70 во пред минатиот век од мајка Јана и татко Никола Саѓески Шијакоски. Грујо уште од мал покажувал голем интерес за науката и стално бил во контакт со лопатичкиот свештеник, попот Димитрија Попоски.

Неговиот интерес за науката го согледал попот Димитрија и го упатил да посетува школски часови во манастирот Св. Димитрија во Чебрен на реката Црна во Мариово. Грујо Шијак се одал на таа наука и постанал учител, кој почнал да одржува вечерни тајни часови во околните села и во неговото родно село за описменување на народот. Никола неговиот татко, Грујо го оженил доста млад за да се отргни од таа работа. Учителот Грујо иако бил оженет неговата замисла не ја изоставил, продолжил да одржува вечерни часови во околните села. Грујо бил голем противник на грчката политичка и верска пропаганда која продирала во нашите краеви со помош на османлиската влада од Цариград.

Повеќето вечерни предавања во с. Марул Грујо ги одржувал во куќите рајатски кај Мурџески Митре и Гулабоски Николе. Митре Мурџески му бил зет за сестра на Грујо. Митре иако повеќе пати бил селски коџобашија (кмет) сепак националното му лежело на срцето.

Додека Николе Гулабоски му бил прв братучед од тетка на Никола Шијакоски таткото на Грујо. Куќата на Николе Гулабоски била на повисоко место на северната страна од селото и селаните го викале Николе Моско. Во тоа време македонскиот народ го очекувал своето ослободување од турското ропство само преку Русија т.е. Моска. За ова полтичка идеја одржување вечерни курсеви за описменување на селскиот народ не бил лично Грујо. Тој бил само подржувач за таа идеја. Главен организатор за ова идеја бил прилепскиот еснафски комитет, кој бил против грчкиот фароатизам и цариградската патријаршија.

Лопатичанецот Спасе дограмаџијата бил член на прилепските еснафски  комитет ПЕК како познавач на неговиот крај од ПЕК бил избран за организатор во неговиот роден крај за описменување на тамошниот народ. Спасе лопатичанецот дограмаџијата како најпогодна личност за учител го избрал бунтовниот учител Грујо Шијакот. Учителот Грујо одржувал вечерна настава во четирите села Лопатица, Бонче, Подмол и Марул. За селата Рувци, Штавица, Чумово, Прилепец и Волко село работеле Бешмадевци од Чумово. Прилепскиот еснафски комитет имал своја каса од која им се наплатувало надокнада за потрошеното време при одржувањето на вечерните настави во селата.

Слушатели на наставата во селата:

Во с. Лопатица: Алтоманови (Стојкоски) Коле Тодор, Велкоски Мицо, Декароски Петре, Здравески Стојан, Јандрески Трајко Чалмашија, Петкоски Димо, Степаноски Атанас, Божин Петре Нико, Шијакоски Гроздан. Раскажал Котески Ванѓел пренесено од неговата мајка Степаноска Јованка.

Во с. Бонче: Карадако Крсте, Јанески Марко и Тане, Колески Велјан, Куклароски Стојо, Славкоски Коста, Пејоски Крсте, Стојкоски Боше, Танески Андон, Спиро, Тале, Трајко, Петре, Јанески Марко и Тане. Раскажале Карадакоски Јове, Јанески Јован Кунески Петре, Трајкоски Ордан Топчија, Мојаноски Тренчо.

с. Подмол:

Балтоски Стојко, Бешлакоски Ѓорѓија, Петре, Трајче Кеноски Видан, Јоше,Куле. Иваноски Никола. Кржески Грујо, Стеван, Недан. Стојкоски Најдо. Саботкоски Митре, Ѕубероски Марко, Цоце Ристе. Раскажале Кеноска Калина, ќерка на Видан, Бежлакоски Лазар и Трајан.

с. Марул, Прва група на описменување:

Велјаноски Велјан (Ганачо), Дамјаноски Васил и Дамјан, Гулабоски Димитрија и Огне, Јанкоски Стојан, Јованоски Тале (Курела), Здравески Крсте (Галабаро), Колески Јован Крсте и Ризо, Мурџески Јован, Митре и Петре, Дојчиноски Каранфил, Кормак Тале, Павлески Стојан, Танески Велјан и Ризо, Стојаноски Илија и Тодор (Котески).

Раскажувале Стојаноски Котески Илија 1876 – 1972 кој бил учесник во наставата за описменување, Јовчески Ристе 1888 – 1962 очевидец кој живеел тогаш во заедница со дедо му Гулабоски Николе вујко на татко му Велјаноски Ганачо брат на мајка му Петра се поделиле во 1898 година. Овие луѓе Ристе ги гледал навечер во куќата на Николе Гулабоски кога се собирале за учење на писменост. Како што кажуваат постарите Грујо имал голема роднинска врска со Марулци и голем авторитет кај Марулци и затоа собрал толкав број на слушатели за описменување.

Повеќето од посетителите на наставата беа момци кај беговите. Иако се задржува во прекршувањето на ноќта за преку денот на наредниот ден за на работа беа психички и физички спремни. Воопшто не доѓало во предвид за да бидат забележани од некој недостаток, пред се, од умор оти беше опасно од политички причини. Овие ноќни настави се одржувале се додека учителот Грујо Шијак не се одметнал илегално во четата на Толе Паша со претепувањето на мусинскиот насилник Муслиоски Муса во летото во 1900 година.

Четрвртиот ден по празникот Петровден во 1900 година уште се жнееше рж. Стрина Ристејца а не снаата Китаница ни носеше ручек зелник со млад кромид и перја и во два грнци земјени товарени на магаре полни со кисело млеко. Ние знаеме што ќе биди за ручекот и со големо стрпление го чекаме ручекот поради загладнети од петровденските пости. На патот стрина Ристејца ја сретнал мусинчанецот Муса Муслиоски пеливано кој беше настрвен за готови јадења идејќи за во Лопатица за да си порача јадење во некоја куќа каде умот негов ќе му фати. Муса на патот ја сретнал стрина Ристејца и го побарал јадењето поради тоа што бил многу гладен. Стрина беше жена бестрашна, не му го давала јадењето тука да јади се стуркале на патот, зелникот и паднал се затркалала тепсијата и зелникот се раскоматил на парчиња и едно грне млеко се скрши. Мусо замина за Лопатица за да си порача јадење.

Стрина дојде на нива кај нас и ни кажа што се догодило со јадењето. Божин стрико ми се налуте ја зеде набодната за товарење и растоварање снопје. Во близината до нас жниеја Шијаковци, го викна Грујо и тој со набодната замина да го пречека Муса кога ќе се врати од Лопатица за да го натепа. Ние викаме да не одат пусто турска власт ја имаат в раце, човек не знај што можи да се догоди после тоа.             

Продолжува

Loading