ЗНАЦИ КОГА ОРГАНИЗМОТ БАРА ПОМОШ

pomosh

Во човековиот организам се случуваат многу процеси. Ако е нешто необично, тоа суптилно се чувствува. Многумина не обраќаат внимание на сигналите на телото. Најдобро би било да се детектираат и отстранат проблемите на почетокот, отколку да се чекаат компликации.

Што говорат одредени сигнали на организмот.

Сувост на кожата од лицето е знак дека недостасува витамин Е. Да се надополни, се вклучуваат ореви, риба и растителни масла во исхраната.

Кршливите нокти и коса се симптоми што укажуваат на дефицит на витамин Б и калциум. Доволна количина има во пченичните ркулци, млекото, интегралните житарки, мешунките, компирот.

Засилена желба за солено е знак дека организмот е инфициран, особено во урогениталниот систем.

Желбата за слатко е симптом за нервна исцрпеност и потребна е брза енергетска прихрана со шеќер. Најдобро е мед или темно чоколадо.

Крвавење на непцата открива дека на организмот му недостасува витамин Ц, кој го има во кромидот, лукот, овошјето и зеленчукот. Може да се пие и чај од шипки.

Лош сон, раздразливост, грчеви во нозете говорат за недостиг на магнезиум и калиум. Затоа е неопходно да се конзумира спанаќ, блитва и кељ. По висока содржина на магнезиум се познати и јаткастите плодови како бадемот, сончогледот, лененото семе. Овие елементи ги има и во сувите кајсии, сливите и цвеклото.

Сува кожа на лактите е јасен знак за недостиг на витамини А и Ц кои се присутни во сувото овошје и зеленчукот со жолта боја, морков, тиква, кајсија, портокал.

Желбата за сурова храна е симптом што укажува на гастритис или проблеми со црниот дроб. Суровата храна ги ублажува грчевите и го смирува желудникот.

Желба за кисело на организмот е знак дека е неопходна храна за стимулација на црниот дроб или жолчката. Во исхраната се вклучува лимон  и брусница.

Апетитот за морски плодови е знак дека во организмот недостасува јод.

Loading