ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (7)

marul

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

Веронауката во с. Марул

Со самото прифаќање на христовото учење и христијанската вероиспосвест во Марул бил изграден верски молитвен дом, црква. Народот во тоа време немал книжевна писменост за христијанското учење. Но, бил свесен во себе за да ја разбере вистината за христијанската наука и сите нејзини соработници во сите христијански храмови наместо писмено објаснувања се правени резбани дрвени фрески со ликовите на учителот Исус Христос, неговите учители апостолите, на ангелите, на неговата мајка Марија и на многу повеќе светци претставени со нивните ликови и делата што ги направиле така се насликани.

Во с. Марул никогаш немало некакво верско предавање од некој надлежни лица или институции за религиозни воспитувања. Надлежниот свештеник на верскиот храм односно црквата ќе одржеше богослужба, ако имаше време ќе седни во трпезаријата во тремот во присуство на верниците за поздрав и разговор. Ако не, пак, нема време за тоа брзо после службата директно си заминуваше.

Постарите  баби и дедовци после завршувањето на богослужбата ги зема за рака внучињата, се враќа назад во црквата и подетално му објаснуват за секоја икона, фреска како се вика светецот со иконата и каква улога одиграл тој во религијата.

Сета ова слушана теорија се внесува во мозокот како практика и се комплетира целокупната христијанска вероисповест и се претвора во верска традиција. Има луѓе писмо не знаат, а додека сета религиозна работа ја познаваат стекнато преку фреските и нивните дела пренесени преку христијанството за идните генерации.

Свештеници во марулската црква која била под нивна надлежност познати и пренесено од марулчани

1. Поп Анѓелко марулчанец, времето и годините засега не се познати.

2. Поп Дитрија Попоски од с. Лопатица, прилепско служел од 1859 до 1920 година, починал од старост.

3. Поп Петре Перасан од 1921 до 1923 година кога бил распопен од неморални причини. Према тогашните црковни закони под мантијата одел со куси гаќи во топлото време, родум прилепчанец.

4. Поп Неделко Грујоски од с. Ношпал од 1923 до 1927 година. Бил распопен од политички причини наметнати од изродите каде бил физички и психички онеспособен.

5. Поп Јован презимето засега непознато, прилепчанец од 1927 до 1935 година, починал на служба.

6. Поп Грујо Смилевски од с. Добрушево од 1935 до 1945 г., починал ненадејно од кратка болест.

7. Поп Ванѓел Смилевски од с. Добрушево од 1945 до 1970 кога се пензионира.

8. Поп Гроздан Богески од гр. Кичево од 1970 до 1973 година кога оди на повисока свештеничка служба.

9. Поп Душан Талевски од с. Суводел, битолско од 1973 до 1977 година, замина на ново работно место во Битола.

10. Поп Пецо Николоски од с. Ерековци од 2010 година сега е надлежен во црквата.

Притрупи во црквата Рожденство на Богородица од нејзиното подигање од 1857 до 2016 година

1. Дамјаноски Дамјанов Ристе (патрун) 1857 – 1862 год.

2. Гулабоски Ристев Николе (москов) 1863 – 1873 год.

3. Алтаманов Стојков Коте (чурлин) домазет од с. Лопатица прилепско од 1874 – 1875 год.

4. Дашоски Горѓиев Петре 1876 – 1879 год.

5. Дојчиноски Дојчинов Тоше 1880 год.

6. Мурџески Ристев Јован 1881 – 1883 год.

7. Мурџески Ристев Митре 1884 – 1886 год.

8. Јанкоски Трајче (чунте) дојден е домазет од Чунтевци од с. Бонче 1887 – 1891 год.

9. Колески Ризов Гријо 1892 – 1895 год.

10. Танески Наумчев Ристе 1896 – 1898 год.

11. Гулабоски Трајчев Стеван 1899 год.

12. Павлески Трајчев Анѓеле 1900 – 1910 год.

13. Павлески Анѓелев Јован (агата) 1911 – 1924 год.

14. Колески Мојсов Стојан 1925 – 1926 год.

15. Грујоски Јованов Ѓорче (курела) 1927 – 1932 год.

16. Здравески Јошев Никола ( галабаро) 1933 – 1934 год.

17. Гулабоски Новачев Димитрија (накоа) 1935 – 1939 год.

18. Танески Стојчев Мице (маќему) 1940 – 1943 год.

19. Јованоски Талев Тодор (бубуз) 1944 – 1950 год.

20. Петрески Велјанов Петре (бабјак) 1951 – 1953 год.

21. Анѓелески Стојков Илија (кадијата) дојден домазет од малинковци од с. Штавица 1954 – 1957 год. 1/2

22. Јовчески Ванѓелов Трајан 1957 год. 1/2 1963 год. 3/3

23. Петрески Велјанов Петре (бабјак) 1963 1/4 1965 1/3 год.

24. Јовчески Ванѓелов Трајан 1965 3/3 1977 год.

25. Ристески Велјанов Ордан Танески 1978 год.

26. Петрески Петрев Димитрија (бабјак) 1979 – 1981 год.

27. Од 1982 година почна да се служи еден месец по домаќинство. Не издржа подолго време клучот го презеде Јовчески Трајан до неговото разболување во 2016 година.

Раскажале повеќемина марулчани: Танески Стојче 1868 – 1957, Котески Божин 1873 – 1962, Котески Илија 1876 – 1972, Јованоски Илија (крушка) 1885 – 1962, Јовчески Ристе 1888 – 1962, Јованоски Јован (курела) 1891 – 1963, Ристески Крсте Танески 1903 – 1984, Павлески Ванчо 1909 – 1989, Јовчески Ванѓел 1912 – 1997, Дамјаноски Ристе 1914 – 1989, Павлески Аце 1929 – 1916, Дојчиноски Благоја 1928 – 2016, ги има повеќе раскажувачи.

Продолжува

Loading