ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски(3)

marul

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

Филипово брашно

За време кога македонскиот цар Филип Втори ја створил македонската држава се соочувал со големи потешкотии. Имал голем број на непријатели, како надворешни, уште повеќе и внатрешни непријатели во самата македонска држава кои стварале омраза и крвопролевање. Како што се вели и земјата на места горела. Се палеле населби, градови и села. Избувнувале пожари во шумите и планините, се подметнувале пожари и била поништена сета сеидба со житни култури. Од ваквите човечки пакости се јавила криза за недостаток за прехрана од житна култура како за луѓето, исто така и за стоката. Филип Царот Македонски бил мудар човек. За да се ублажи недостатокот од жито, Филип Царот Македонски издал наредба кога узреале плодовите од костените да се соберат и складираат во суви складишта, простори.

Према потребата се земало од костените, се вареле во големи казани, се лупеле, се мелеле во тогашните мелници и се добивало голема количина бело брашно која се мешала со житно брашно, се добивало квалитетен леб како за народот, исто така и за македонската војска. Со ваквата мудра замисла и политика Царот Филип ја извојувал победата над домашните и надворешните непријатели со костеново брашно, ја основал и зацврстил македонската држава.

Ова филипово брашно се произведувало и по неговото убиство. Продолжил да го произведува и неговиот син Александар Македонски Трети кој со тоа брашно стигнал до далечна Индија. По смртта на Александар Македонски државата, царството македонско се распаднало и престанало производството на ова филипово брашно. Останала само поговорката и по 2 300 години кај македонскиот народ. Поготово кога се носи в црква примесени пецива и се раздава задушница за упокоените, а некоја жена носи побели примесени работи, печива за душа, жените кои се непосредно до нејзе со тивок шепот меѓу нив и заблазнуваат и ја пофалуваат: блазе си нејзе, брашното е бело како филипово брашно. Сигурно самите жени наговарачки за брашното нејзино не знаат од каде дошол тој збор филипово брашно, кој бил човекот Филип.

Слушано во разговор на повеќемина во трпезаријата на марулската црква. Еден од тие дискутанти е Ристе Дамјаноски кој неодамна замина од овој свет, неискористен од македонските медиуми, жално е.

Цркви  во с. Марул

Во марулскиот сињор познати се две цркви, девет населби наречени девет марули. Со населбите е многу интересно. Сите населби се на повисоко место на брегчиња. Старите марулци велеа дека населбите со самото село Марул биле населувани покрај брегот на тогашното пелагониско езеро кое се испуштило преку мариовската клисура во Егејското море. Населбите останале без вода и се преселиле во денешното с. Марул кое имало убави изворски води и во одбрана од разни болести и од секаков вид на непријатели.

Една црква што била западно од с. Марул зад падарницата во местото Црквиште со гробишта за време на Мариовската буна во 1564/65 година Турците ја запалиле. Последна фамилија марулска која одела на гробиштата во Црквиште била Дашовци некаде во 1875-1880 година пред минатиот век, раскажала Дашоска Магда 1869 – 1942 година, мажена за Огне Гулабоски во с. Марул. Првата црква била градена во почетокот на христијанството. Првата црква во с. Марул била изградена јужно од денешната црква во ќошот каде што се мешаат Горничката и Оревската река како предуслов во близина на изворската вода од кладенчето за потребите на црквата. Црквата е четврти дел од с. Марул како посебно маало. Гробиштата биле изградени на северната страна од црквата. Водата од Горничка река и Оревска почнале црквата да ја поткопуваат. За да не падни црквата селаните од срам и страв голем од Бога се одлучиле и црквата ја преселиле стотина метри источно покрај Оревската река позади денешната река. Селидбата не е познато која година била. Од првата црква има ископини, камења. Гробиштата останале подалеку од црквата, со времето ги преселиле погоре кај што се денес.

Втората црква што е изградена покрај реката Оревска не е познато кога е градена. Во 1846 година била голема зима, со големи снегови. Кога се стопил снегот во полето, во местото позади црквата се упило многу вода, се слизнала и црквата пукнала, се мисли на ѕидот од црквата. Местото се познава слизнато и ден денес. Жителите на с. Марул се одлучиле да ја преселат црквата на здраво сигурно место. Го одбрале местото во напуштените поповски гробишта како свето место. Местото го расчистиле и во 1847 година почнале да ја градат новата црква.

Марулци наишле на недоразбирање кај тогашните турски власти. Црквата морала да биде половина метро в земја да не биди повисока од султановата џамија. Се знај ѓаурино – каурино нагоре расти ама со наведена глава да гледа долу в земи. Властите наоѓале и други закачки да камењето на ќошовите да ги купат од Кукул над Прилеп. Еден таков камен за ќош, чинел една турска лира.

Пари тешко се собирале, времето си одминувало спорот бил измислен од страна на локалните турски власти за да не се гради ѓаурска црква. Но имало некое законче каде се дозволувало ако имало од порано црква можело да се гради нова црква. Подигнатите ѕидови на црквата биле згрозени, побелени од уткините курешки. Како што кажувал Дојчиноски Тоше Јован (Јоле) 1850 – 1933 во местото на црквените ѕидови имало исквачени мали утчиња во триесет седела, гнезда. Сето место смрдело од храната на малите утчиња, од гуштерици, бумбари, скакулци и ред други инсекти. Јоле одел таму за неговото детинство со неговите другарчиња, стари деленици браќата Грујоски Јованов Митре 1847 – 1929 и неговиот помал брат Грујоски Јованов Ѓорче 1850 – 1943.

Турските власти ја попречувале работата за да му се згрози погледот од курешките на утките и да ја откажат марулци понатамошната градба на црквата. Марулските жители моралот не го губеле. Наумче Танески имал две тополи, ги подарил за покривот на црквата. Исто така двете попречни внатрешни греди во црквата ги подарил Наумче Танески. Затоа Господ му дал долговечен живот. Откако наполнил сто години од неговото раѓање си заминал од овој свет во 1899 година.


Марулските каменари

Давај ме мила мамо, давај ме

во Марул не ме давај,

сите марулчани се мамо

старо и младо, каменари.

 

Дома не си идат

своите куќи да ги видат

деца и жена да си видат

со нив дома да си бидат.

 

Во стените дење камење сечат сечат

од Веслец ноќе дрва влечат

дрвен ќумур да направат

потребните алати да ги поправат.

 

Во Битола на пазар

со камење тие поаѓаа

од пазар за дома

со пари си доваѓаат.

 

Беговски чифлици да купат

македонска земја да откупат

денови верски да слават

свадби и крштевки да прават.

Продолжува

Loading