РОГУШКАТА Е ЛЕК ЗА ДЕБЕЛО ЦРЕВО…

roguska

Рогушката е лековита и не смее да се занемари. Има облик на мешунка, со семки со темно кафеава боја, пријатен и слаткаст вкус кој потсетува на чоколадо. Содржи прости шеќери, фруктоза, малтоза и глукоза, сахароза, скроб, пектин, белковини и полисахариди. Од витамините, А, Б, Б2, Б3 и Д, а од минералите, калциум, калиум, фосфор и магнезиум. Има и железо, манган, бариум, бакар и никел.

Во исхраната се употребува повеќе од  4 милениуми. Поради тоа што ја конзумирал Јован Крстител, Германците ја нарекле Јованов леб.

Рогушката спречува дигестивни проблеми, го намалува лошиот холестерол, го намалува шеќерот во крвта, поттикнува искашлување и помага кај астма, го јакне имунитетот, делува против алергии, го штити здравјето на срцето и крвните садови и ги јакне коските.

Природно слаткиот вкус со арома се користи при подготовка на торти и колачи, бидејќи има помала калориска вредност од чоколадото. За некои луѓе е замена за кафето. Тие пијат топол напиток од рогушка. Луѓето со дијабетес треба да јадат една семка наутро и навечер. Со консумирање на 15 г. за 4 недели, се намалуваат холестеролот и се качува добриот холестерол. Влија е на исфрлање на вишокот мастии. Поради калциумот и фосфорот, го намалува ризикот од остеопороза.

Брашното од рогушка содржи танини, и има антиалергиско и антивирусно својство. Се врзува за токсините од цревата и ги исфрла, создавајќи заштитен слој на ѕидовите. Затоа се препорачува при мачнини и проливи. Високото ниво на танин, моќен антиоксиданс, помага во борбата против прераното стареење на клетките, делува противвоспалително и противбактериски и ги обновува клетките, ги намалува триглицеридите.

Loading