КОРЕКЦИЈА НА СМАЛЕНИ АЛИШТА ПО ПЕРЕЊЕТО

alista

Понекогаш, после машинското перење, а најчесто поради центрифугата или несоодветната температура, алиштата може да ја променат својата големина и да се намалат за еден или два броја. Но, постои трик со кој лесно може алиштата да се вратат во првобитната големина.

Памучната облека лесно ја враќа формата и првобитниот изглед со неколку едноставни чекори.

Потребни се топла вода, детски шампон и голема крпа.

1.Облеката што се собрала при перењето, се става во благ раствор од вода и детски шампон (на 1 литар вода, 1 супена лажица шампон).  Се остава да отстои 20-ина минути. Се вади од растворот, се цеди малку и се ставе на крпата. Крпата се  витка заедно со облеката во ролна да стои 15 минути. Се  оодвртува крпата и полека се растегнува ткаенината. Влакната ќе бидат омекнати и ќе се вратат во првобитната состојба. После се остава облеката да се суши на крпата во хоризонтална положба.

Loading