КРИСТАЛНИ ЈАЈЦА

jajca

Природно, лесно, убаво. Малку поскапо, но кристално и магично за Велигден. Со боење на јајцата со домашно вино, може обичен Вранец, се добиваат прекрасни темновиолетови јајца, наросени со ситни кристалчиња налик на кристален шеќер.

Потребни се 5 бели јајца и 600 мл. вино што го обојува јазикот и забите. Јајцата на собна температура се редат во сад со дебело дно за да не пукаат при варење. Се полеваат со црно вино, целосно да бидат покриени и се оставаат 10 минути да отстојат. Се ставаат на тивок оган да се варат заедно со виното до вриење, околу 15 минути. Се вадат од оган, се поклопуваат и се оставаат неколку часови, може и цела ноќ. Потоа јајцата внимателно се вадат и се бришат со кујнска хартиена салветка. Тоа е сé.

Не треба да се мачкаат со ништо зошто ќе излезат кристалчиња.

Loading