МУЗИТЕ НА АРХИТЕКТОТ ПЕМБЕ

Pembe AtanasПрилепчани го памтат сликарот самоук Ѓорѓи Ачески кој ја црташе старата архитектура не само на родниот град, туку и на Охрид, Кратово, Скопје, Битола… Импресивни беа линиите  на цртежите со туш и со чепкалка за заби. Аче одамна замина од овој свет. Но, Прилеп ја продолжи традицијата преку наследникот Атанас Ристески – Пембе.

Шеесет иосумгодишниот Ристески како да е продолжение на Аче, дури и го надминува во повеќе нијанси. Години е со цртежи и тоа пастелени. Моѕивацијаа му е старата градска архитектура, чаршијата, сокаците, чардаците на старите куќи, но и на чорбаџиските. Препознатлив и по творештвото во техниката масло на платно за портрети и други локални теми. Скоро нема ресторан каде не е ,,обесена,, слика, потпишана од Пембе.

Сликал и цртал од мали нозе. И дел од младоста потрошил на креации со бои, тушеви, платна и четки. Можеби затао се определил да биде блиску до уметноста, да стане архитект. Негови дела се проекти на илјадници индивидуални куќи низ земјава. Уметничката душа давала здив и во хали за производство додека работел во фабриката Партизан пред да ја отвори приватната фирма. Професионално се обележал и со копроектантски објекти во битолската чаршија, фасадата на Македонија табак во Скопје…, па дури дал дел од архитектонските, естетичките и уметничките белези на плоштадот Бан Јелачич во Загреб.

Pembe 1

Пензионерот Пембе има повеќе време да се посвети на своите неисцрпни афинитети, зашто цртањето го одмора, му чини задоволство. За него е љубов реалниот цртеж. Додека црта, додека бои околу три дена, за едно просечно дело, душата му е полна со свежина, живот, блика од радост, пука со творечка енергија… Покомплицирани и повеќе уметнички труд вложува во портерите во боја. Тогаш проткајува повеќе чувства од дарот за сликање во цртежот, сликата. Вели дека со посебен пиетет го создавал портретот на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров што му го подарил при неговата посета во Прилеп. По порачка од Тутунскиот комбинат нацртал портрет на Патрик Шике, сопственик на фирмата што дозволила лиценцно да се произведуваат цигарите ХБ во Прилеп. Му легнале четките на физиономијата на познатиот хуморист и комедиограф од Прилеп, Миле Попоски. Пембе веќе го скицира портретот на премиерот Зоран Заев.

Четките и боите ,,ги вкрстил,, во критика на општествените движења во социјализмот преку карикатури.  Првите рецензии биле позитивни, но признава дека се уплашил по притисоците од социјалистичките функционери

-Не ги бендисуваше потсмешливата, саркастична, иронична и компромитирачка порака. За критиките, доаѓаа закани. И попуштив. Се откажав од ова поле, во кое мислам дека можев да бидам попродуктивен и влијателен – се жали и се теши Пембе.

Не знае колку слики создал инспириран од старата архитектура, посебно Старата чаршија.

Pembe 2

-Којзнае каде се декор моите дела и чии домови, канцеларии и установи красат. Имав порачки за нашинци во Америка, Австралија, Канада, Европа, во поранешните Југославија… Насекаде. Сум изложувал цртежи и слики на четири самостојни изложби, две во Скопје и по една во Битола и Прилеп. Во подготовка е изложба во Загреб во соорганизација со македонско хрватското друштво за пријателство – вели Атанас Пембе.

Цртежот бара постојана посветеност, одржување на уметничката кондиција. За него сликањето не е занает, туку изблик на музи.

Loading