ТРИПАТИ ПОВЕЌЕ ЗЕЛЕНЧУК БЕЗ ПЕСТИЦИДИ

Во својата градина

sol

Се вложува голем труд за успешно одгледување на зеленчук во градината. Родна градина без употреба на хемикалии и со билки кои раѓаат трипати повеќе се постигнува со горчлива сол од аптека. Таа се меша со малку вода во шише со распрскувач. Потоа се прскаат растенијата. Одлична е за побујна трева за расцветани рози и за поздрав зеленчук. Смесата ја храни билката, го спречува сушење и ги брка паразитите.

Горчливата сол е популарна во органското градинарство. Магнезиум сулфатот е ефекасен за билките, а не е скап. Се користи и во саксиите за ,,поживи,, растенија.

Мешавината ја збогатува почвата, им дава виталност на растенијата, и на собни, и на тревници, и на дрва или земјоделски култури. Магнезиумот и сулфатите се клучни за развој на билките. За цвеќе во саксија се раствораат 2 лажици горчлива сол во 3800 мл. вода. Смесата се полева на билката наместо со вода, барем еднаш до двапати месечно. Да ја искористи билката горчливата сол, најдобро да стои на сончево место, но со внимание во големите жештини. За градинарски култури, се става една чаша измешана со земја на десетина м2.. Семето побрзо ќе рти и билкитеа ќе напредуваат здраво и силно.

Солта се користи за зеленчук, овошје и за зачински билки за прскање. Зеленчукот ќе успее ако му се стави две лажици горчлива сол при садењето во дупката кај коренот.

Истото можете да го правите и со пиперките, само што уште двапати седмично треба да го прскате земјиштето со овој раствор – пиперките ќе бидат многу поголеми.

И вашето цвеќе ќе реагира многу позитивно на горчливата сол. На истиот начин третирајте ги и вашите цветни љубимци.

Тревникот за да биде погуст и да има поубава зелена боја, прскајте го со раствор од вода и горчлива сол, а стеблата на овошните дрва исто така можете да ги третирате.

Две лажици горчлива сол на 1 метар квадратен ставајте во земјата околу стеблата, три или четири пати годишно.

Loading