ГРАВ БЕЗ ГАСОВИ

grav

Иако многумина преферираат јадења со грав, сепак апстинираат поради непријатностите со гасовите и подуениот стомакот. При подготовката некои додаваат сода бикарбона, ким, нане, оцет.., но проблемите со гасовите не исчезнуваат. Еве еден трик како да се подготви грав без страв од гасови.

Потребни се 450 г. грав и 10 чаши вода. Гравот се налива со вода и се става да се готви околу 3-4 минути. Се трга од ринглата и да отстои ноќта, без промена на водата во која се готвел. Зима може да стои надвор, а лете во фрижидер. Следниот ден се процедува, се мие со ладна вода и се потура со нова вода. Се остава да проврие уште еднаш колку еден клуч. И таа вода се процедува. Натаму се приготвува по избор.

На овој начин од гравот во водата каде киснел излегуваат до 80 отсто несварливите шеќери, кои предизвикуваат отежнато варење, подуеност и непријатно чувство во стомак.

Loading