КИВИ ПРОТИВ ХОЛЕСТЕРОЛ

kivi

Според количеството на диетални влакна, кивито го остава јаболкото зад себе, а според количината на витамин Ц-портокалот. Актинидијата  е овошје богато со калиум,  кое самоуверено ја престигнува дури и бананата. Консумирањето на две киви дневно, го чуваат организмот од болести на срцето и крвниот систем, од мозочен удар, рак и болести на дишните патишта. Овошјето е прекриено со влакненца со кафеава кора, со вкусен и сочен зелен плод. Во зима е витаминска бомба. Силата на антиоксидансите растат со зрелоста на плодот. Затоа најдобро е да се јад созреан плод, мек на допир.

Единствената мешавина од фитонутриенти, витамини и минерали го прави одличен сојузник во борбата против карцином. Делува како аспирин, поради моќта да ја разредува крвта без несакани последици.  Актинидијата го намалува нивото на лошиот ЛДЛ холестерол и го намалува високиот крвен притисок. Го намалува нивото на т.н. оксидативен стрес и оштетувања на ДНК и ги поттикнува оштетените клетки на регенерација. Кивито е неизбежна состојка во исхраната на заболени од карцином и болести на срцето. Едно до две киви дневно, е идеална колична, имунолошкиот систем успешно да се спотивстави на вирусите и бактериите.

Доколку се прави овошна салата, сечењето да се остави за крај.

Loading