ВИНОТО ГО ПОДОБРУВА ЗДРАВЈЕТО

vino

Списокот на придобивки од виното е голем, доколку се консумира во мали количества. Се препорачува да се пие по една чаша вино дневно. Преминувањето на оваа граница може да се одрази негативно врз здравјето.

Еве неколку бенефити кои се чувствуваат доколку редовно се пие умерено количество.

Лицата постари од 70 години кои пијат по една чаша вино дневно, паметат повеќе од останатите. Виното спречува згрутчување на крвта и го намалува воспалението на крвните садови.

Луѓето кои пијат вино редовно, имаат помала телесна тежина од оние кои го консумираат ретко. Чаша вино го тера телото да согорува калории 90 минути.

Љубителите на вино го намалуваат ризикот од инфекција со бактеријата Хеликобактер пилори, која може да предизвика гастритис, чир или рак на стомакот. Виното го штити организмот од труење со храна, како на пример од салмонела.

Една чаша дневно го намалува ризикот од рак на јајници за 50 отсто. Тоа се должи на антиоксидансите во виното кои имаат антиканцерогени својства.

Луѓето кои редовни консумираат вино, имаат поголема коскена маса од оние кои не го пијат. Алкохолот го зголемува нивото на естроген, хормон кој го забавува разронувањето на старите коски.

Loading