НЕ СУШЕТЕ АЛИШТАТА ДОМА

Во зима

alista

 

Како што сувиот воздух не е добар за работата на белите дробови, и претераната влага во воздухот што го дишете може многу да наштети. Оптималната релативна влажност на воздухот треба да биде помеѓу 45 и 60 проценти. Над оваа граница, се размножуваат бактериите и се предизвикува намалена концентрација, поспаност, промена на расположението и најразлични здравствени проблеми со дишниот систем.

Затоа сушењето алишта во затворен простор може да ја подигне влагата во воздухот и до 30 проценти. Плус, влажните алишта се полни со хемикалиите од детергентот и омекнувачот. Оваа навика е многу лоша за здравјето. Можно е зад честите главоболки или проблеми со дишењето во домот да се крие оваа причина. Ако имате доволно простор и ако финансиски можете да си дозволите, инвестирајте во машина за сушење алишта. Така, не само што ќе го заштитите здравјето, туку и ќе добиете помека облека на која најчесто не í е потребно пеглање. Ако можностите не дозволуваат машина за сушења, одберете посебна просторија за сушење на алиштата, каде што ниту еден член од семејството не влегува во текот на денот. Не се чека топло време надвор да се сушат алиштата. Слободно сушете надвор и во зима. Само е потребно повеќе време. Ако облеката замрзне, не диплете ја, оти ќе се оштетите. Внесете ја сувата, замрзната облека во домот, почекајте да се стопли и потоа приберете ја.

Loading