МЛАДИТЕ ЛИДЕРИ ЦРПЕА ИСКУСТВО

Во Комфи Ангел

iki 1

Во соработка со Стопанската комора на Македонија, компанијата Комфи Ангел ја посетија учесниците на проектот Школа за млади лидери, инициран од Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов.

– Целта на посетата е младите лидери да ги надградадат и усовршат своите вештини, да ја развиваат креативноста и менаџерските способности со конкретни примери презентирани од нашето искуство како една од најголемите текстилни компании во Македонија – напишаа на фејсбук страната.

iki2

Младите лидери се сретнаа со менаџерскиот тим предводен од Ирена Јакимоска. Им беше презентирана организационата структура на компанијата и начинот на функционирање. Ним им беше организирана посета на сите сектори, вклучуваќи ги и производствените капацитети при што директно беа запознаени со процесот на производството и менаџирањето поткрепено со целата административна логостика.

iki3

iki4

Loading