ВЕЛЕВАЧКОСКА СУДЕШЕ АНГЛИЈА – ИТАЛИЈА

Фудбал: На Европското женско младинско првенство

– Претходно беше дуелот Финска – Германија

Секој нIrena Velevackoskaастап на меѓународната сцена вреди внимание, па така и учеството на Европското женско до 17 години во Полска, од страна на фудбалската судијка Ирена Велевачкоска. Довербата од УЕФА да суди на два меча ја оправда со беспрекорно делење на правдата. Прво со асистентките од Латвија и Шведска го судеше мечот Финска – Германија. Беше мошне рамноправен, барем според резултатот. Првото полувреме помина без голови, а во второто Финките поведоа. Германките како и многупати порано ја покажаа својата упорност и направија пресврт. Победоносните голови ги даде Мартинез. Велевачкоска досуди 22 прекршока, но не даде ниеден картон. 

Уште позначаен беше вториот меч, кога за влез во полуфиналето се судрија гигантите Англија и Италија. Велевачкоска за помошнички имаше судијки од Австрија и Казахстан. Беше последно, 3 коло од групата. Италијанките немаа ниту пораз ниту победа, ами две нерешени. Немаа ни примено ни дадено гол. Доколку извадеа уште едно реми, одеа понатаму. Се до 47 минута имаа 0-0, резултат што им одговараше. Но, потоа се заредија головите во италијанската мрежа. Прво Салмон постигна три гола, потоа уште еден додаде Бленхарт, за конечни 4-0. И на овој меч немаше жолт картон.

Следеше завршница со полуфиналните, за трето место и финалниот меч до понеделник, кога завршува Европското во Полска.

Loading