МЛАДИНСКИ ИСКУСТВА И ВЕТУВАЊА ЗА НАСЛЕДСТВОТО

СОУ „Ѓорче Петров

Gjorce Petrov

СОУ „Ѓорче Петров“ учествува во проектот „Наследството од минатото, искуството од сегашноста и ветувањето на иднината“,  во кој се вклучени повеќе од  40 ученици. Учениците се импресионирани од земјите во кои патуваат, од нивните обичаи, култури и  традиции. По Прилеп,  наредната средба треба да биде во Торино Италија, потоа во Истанбул и Германија, а последната средба со наставниците во Мадрид. Прилеп беше домаќин на средношколците во проектот „Еразмус плус” програмата финансирана од Европската комисија преку Националната агенција за образовни програми и мобилност.

DSCN8740-1

– Учениците патуваат во тотално непозната средина, во нови семејства, се навикнуваат на нивната храна, обичаи, се разбиваат предрасудите што сме ги имале за некоја земја. Тие се од различни националности, има муслимани, христијани, католици. Тоа придонесува да се запознаваме со другите култури, да излеземе од нашите рамки. Да им покажеме ние што имаме и да научиме нешто ново од нив – вели Елизабета Милошеска, професор по англиски јазик и координатор на проектот.

Проектот е аплициран во Германијаи трае две години.

– Бев во Шпанија сместена во семејство. Премногу сум задоволна од посетата. Запознав нова култура, нешто што го нема тука, создадов многу нови пријателства – раскажува Елена Врбоска.

Земји партнери кои се вклучени во проектот, се Македонија, Турција, Германија, Шпанија и Италија.

Loading