МНОГУ ЖАР ВО СЕКОЈ МУЗИЧКИ ЖАНР ОД 50-ТИТЕ ГОДИНИ

Гимфест 2018

3796

На Гимфест 2018, првото место го освои  Анастазија Христоска, втора беше Ангела Зероска, а третата награда замина во рацете на Нина Коцеска.

По осми пат, на сцената во Центарот за култура Марко Цепенков,  повторно блесна гимфестовските ѕвезди. Традицијата продолжи. Гимфест со сиот свој сјај и квалитет кој го негува со години, ја наполни претесната сала во која многубројната публика уживаше слушајќи хитови од различен жанр и различен временски период почнувајќи од 50 тите години па се до денешен ден. Впрочем, токму и така беше замислата и темата на годинешниот – Времеплов.

3835

Од стартот одличните водителки Александра Илиеска и Вероника Беличоска го водеа овој брод и низ четири музички блокови,со вкупно 17 солисти и песни успешно исплови до самиот крај. А таму,пак, на крајот ги пречека динамичното дуо ,,Cyrillic,, кои со свој 25 минутен настап ја подигнаа атмосферата до завривање. Токму таа кулминација ги донеси највозбудливите моменти.  Дојде моментот кога беа прогласувани најдобрите три изведби односно доделени наградите за прво, второ и трето место на Гимфест 2018.

3836

На овогодинешниот ГИМФЕСТ настапија солистите: Ивона Нанческа, Мартина Димитриоска, Елена Хаџи-Спиркоска, Петар Андоноски, Стефан Ангелески, Теодора Димеска, Сања Роканоска, Анастазија Христоска, Натали Китаноска, Викторија Илиовска, Тереза Пипиџаноска, Евгениј Темелкоски, Антонио Николоски, Ведрана Петреска, Нина Коцеска, Ивана Наумоска и Ангела Зероска.

3788

Жирито беше во состав: Проф. Татјана Иваноска, Проф. Наталија Гарбеска, М-р Фроска Сапунџиева, Проф. Весна Симјановска, Проф. Благица Димчева. Стручното жири се погрижи наградите да одат во вистински раце па од 17 солисти одбраа победник.

gimfest-2018

ЗАЕДНИЧКИ ПЛОД СО ПОСВЕТЕНОСТ

И овој Гимфест помина во најдобар ред, со многу насмевки, аплаузи, пеење и дружење што впрочем е и целта на овој фестивал. Судејќи според коментарите на самиот фестивал,но и после фестивалот, Гимфест организациски заслужува само честитки и комплименти,а токму за таа организација беа задолжени професори од СОУ Гимназија Мирче Ацев” кои организирани во една комисија за организација на фестивалот беа најзаслужни за тоа. Комисијата беше во состав: проф. Мартин Наумоски – претседател на комисијата, проф. Татјана Иваноска – музички ментор на фестивалот,  проф. Орде Цветаноски, проф. Кети Ефремоска, проф. Наталија Гарбеска, проф. Александар Џинго и проф. Гордица Димитриевска Груеска. Целата комисија како и целата манифестација беше поддржана од в.д. директорот на Гимназијата Димче Настоски.Во подготовките и организацијата на овој фестивал беше вклучена и Младинската заедница при СОУ Гимназија ,,Мирче Ацев,,

3801

Подготовки за Гимфест 2019

– Гимфест 2018 е веќе минато и преубав спомен на сите инволвирани и на публиката која одлично ги поддржуваше солистите. Следува период во кој ќе одмориме, но и ќе ги започнеме подготовките за Гимфест 2019. Гимфест како манифестација изгради свој препознатлив стил, изобилува со квалитет и со напорна работа и посветеност ветуваме и закажуваме нова средба за една година. До тогаш, благодарност до сите кои учествуваа и присуствуваа годинава, со добра мисла, се гледаме за брзо – напишаа на официјалната страница на Гимназијата.

3802

Loading