НАГРАДИ ЗА ПИЈАНИСТИ

PijanistiОМУ Ордан Михајлоски Оцка

На меѓународниот натпревар Полихимнија кој се одржа во Скопје учествуваа и учениците од ОМУ  Ордан Михајлоски Оцка. Учениците од класата по пијано на проф. Христина Никоска, освоија две награди. Во конкуренција на многу учесници од повеќе земји, прва награда понесе Арсениј Ангелески, а трета награда освои Катерина Николоска.

Наградите се потврда за квалитетот и успешната работа на музичкото училиште и наставниот кадар. За учениците пак, учеството и наградите на натпреварот се круна на трудот и посветеноста кон пијаното, дотолку повеќе што имало и солидна конкуренција.

Loading