СОУ Ѓорче Петров

Пет ученици и двајца професори од СОУ „Ѓорче Петров“ од 18 до 24 март учествуваа беа во Модика – Сицилија, Италија на првата активност за учење со ученици од проектот „Нашите реки, наша заедничка иднина“. Учениците Кирил Петрески, Теодора Адамческа, Михаил Алексоски, Тамара Дамеска и Бојан Белистојаноски, придружувани од Гоце Неделкоски – професор ментор и директорот Страшо Ѓорѓиески, беа примени и во канцеларијата на градоначалникот на Модика.
Домаќин беше средното училиште ИИС Арцхимеде од Модика. За време на престојот учениците учествуваа на работилници и различни активности за учење. Ги посетија Сиракуза, Ортиџа, Пештерите во Испика, барокниот град Шикли. Се запознаа со богатата историја на Модика, град под заштита на Унеско кој е карактеристичен по својата барокна архитектура. Добрите домаќини им ја претставиле домашната кујна и уживале во вкусните сицилијански специјалитети. Беа со учесници од Турција, Португалиија, Италија и Полска.

Проектот е финансиран од Европската Комисија преку Националната агенцијата за европски образовни програми и мобилност.
![]()

