УЧЕНИЦИТЕ ОД МУЗИЧКО НА ОПЕРА

muzicko

Група ученици со професорите од музичкото училиште ја посетија Македонската опера и балет да ја проследат операта „Дон Џовани“ од В. А. Моцарт. Беа дел од публиката додека љубопитно ја ,,голтаа,, секоја сцена од музичко-сценското дело. Го следеа и драмскиот текст, но првенствено музиката и танцот ги опиваа заедно со ликовно-сценски израз здружени во уметничка форма. Се интересираа и за симфонискиот оперен оркестар.

Loading