ЗДРАВЈЕ СО СТРУЧНОСТ, ХУМАНОСТ И ПРОФЕСИОНАЛНОСТ

m-r Natali GjoshoskaИНТЕРВЈУ СО М-Р НАТАЛИ ЃОШОСКА – В.Д ДИРЕКТОР НА ЈЗУ ЗДРАВСТВЕН ДОМ

Здравствен дом обезбедува здравствена заштита на граѓаните. Кои здравствени услуги се нудат?

Здравствен дом, како установа на примарно ниво, ги спроведува мерките на примарната здравствена заштита, итна медицинска помош и специјалистичко – консултански услуги на во општините Прилеп, Долнени  и Кривогаштани и околните населени места. Установата претставува една комплексна целина со просторна, кадровска, техничко-технолошка и медицинска опременост, која во потполност обезбедува квалитетна здравствена заштита на деца и млади, поливалентна патронажа, стоматолошка здравствена заштита, итна медицинска помош, итна стоматолошка помош, биохемиска лабораторија, стоматолошки рентген, домашна посета, спортска медицина и медицина на трудот.

Кадровската екипираност  во  установата и  планови за иднина?

Установата е екипирана со кадровски потенцијал од вкупно 250 вработени, со што одговара на најсложените работни задачи во примарната здравствена заштита, нудејќи медицинска услуга со највисок степен на стручност почитувајќи ги и применувајќи ги високите стандарди од областа на здравството. Благодарение на мерките кои се спроведуваат од страна на Владата и Министерството за здравство, Здравствен дом во изминатиот период доби можност за екипирање на установата со квалитетен стручен кадар. Во таа насока  вкупно се реализирани 50 нови вработувања во период од 2 години од кој  најголем број се лекари и медицински кадар. Стручните тимови од итна медицинска помош опремени со најсовремена медицинска опрема за дијагностика и реанимација, снабдени со соодветни терапевтски средства, како и со добро опремен возен парк пружат здравствени услуги на сите пациенти 24/7. Во Здравствениот дом се извршуваат специјалистичко – консултантските услуги. Благодарение на добрата тимска соработка на стручните тимови имаме навремено и квалитетно спроведување на систематските прегледи на вработените во јавниот и приватен сектор, спортисти, но и систематски прегледи/ лекарско уверение на возачи. Во преден план за постигнување на главната цел на стручниот и едуциран кадар е нудење на квалитетна здравствена услуга. Во соработка со Министерството за здравство, медицинскиот персонал континуирано се упатува на доедукација и стручни доусовршувања. Преку процесот на едукација на кадарот реализирајќи го годишниот план за едукација во државата и странство, како и  годишниот план за специјализација  на лекарите од здравствениот дом, моментално на специјализација се упатени 8 лекари од нашата установа со цел примена на најсовремените стандарди и нудење на квалитетна здравствена заштита од високо стручен и обучен лекарски кадар. Тука не застануваме, продолжуваме да го реализираме планот за специјализација и планот за едукација со цел добивање на стручно знаење кое ќе се примени при процесот на зачувување на здравјето, а со тоа ќе ги задоволува потребите на граѓаните за квалитетна, одговорна и достоинствена здравствена заштита. Со цел нудење на квалитетна здравствена заштита наша цел е  кадровско доекипирање на установата со вработување на врвни професионалци во својата област, лекари, медицински сестри, административни службеници и помошно технички кадар кои нивното теоретско и практично знаење ќе го применат со цел да се  придонесе во задоволување на потребите за квалитетна здравствена заштита.

Biohemiska laboratorija po evropski standardi

Од оваа перспектива како менаџер на здравствена установа, како ги гледате работите во  примарното здравството?

Здравствената заштита како целина  е комплексна област која пред се има хуман карактер. Таа нејзина карактеристика како една од најсложените и најхумани професии бара голема посветеност, истрајност и големо трпение при обезбедување на здравствена заштита. Здравствените домови и здравствените служби се камен темелник за примарната здравствена заштита на заедницата т.е запознавање со секојдневните потреби, како што се имунизација и грижа за стари и изнемоштени лица, лица со хронични заболувања, со посебни потреби, лица од рурални и тешко достапни населени места во домашни услови. Примарната здравствена заштита почнува од најмала воздраст, односно од грижа за новороденчината од страна на високо квалификувани и обучени патронажни сестри кои преку патронажна визита во домашни услови, пренесувајќи ги светските стадарди преку советите за правилна нега и грижа имаат за цел да придонесат во правилниот раст и развој на најмалите. Сето тоа надополнето со професионалните совети на стручните тимови од службата за имунизација на деца од 0 до 6 годишна воздраст и службата за превентивна здравствена заштита на деца од 7 до 18 годишна воздраст преку систематски преглед, имунизација и едукација на младата популација.

Celosno renovirani hodnici

На што се темели успехот оваа здравствена установа? 

Во контекс на ова прашање би сакала да истакнам дека секоја установа за да биде успешна потребно е да се води од потребите на граѓаните како и да се насочи кон задоволување на тие потреби во вистинско време на вистински начин.

Благодарение на одличната соработка со Министерството за здравство, Локалните Самоуправи Прилеп, Кривогаштани и Долнени се овозможи растот и развојот на оваа установа да оди во нагорна линија со забрзано темпо. Со цел да се задржи и унапреди нивото на здравствена заштита, главениот акцент во здравствената установа го насочуваме во создавање на услови за обезбедување на квалитетна здравствена заштита за сите. Сето тоа преку механизмите на унапредување на превентивата и зголемувањето на нивото на здравствената свест и совест кај населението преку едукација и редовно информирање, како и доближивање на здравствената заштита поблиску до секого. Здравствениот дом спроведувајќи ги мерките од Министерството за здравство придонесе во сериозното подигнување на квалитетот на нивото на здравствена заштита, доближувајќи се до населението во населените места преку отворање на пунктови, како и преку посетата на населението од руралните места каде што нема отворено пункт од страна на стручен тим од доктор и сестра “Рурален тим”. Сето тоа  влијае позитивно врз перцепцијата на жителите од руралните средини за потребата од превентивни прегледи и грижата за сопственото здравје.

Novi aparati za analizi

Од гледна точка на инфраструктурни вложувања и медицинската опременост, каква е состојбата?

Развојот во сите сфери од општествениот живот ја наметнува потребата, инвестициие во здравствениот сектор да бидат еден чекор пред развојот на другите гранки. Тоа го нагласува значењето на потребата за обезбедување на здравствени капацитети кои ќе одговараат на  предизвиците на денешното време, со цел давање на квалитетна превентивна здравствена заштита, но и обезбедување на соодветни услови во објектите каде се нуди прва помош. Поради сето ова не престануваат инвестициите во подобрување на условите преку континуирано реновирање. Во Здравствениот дом, инвестициите кои се направени  во периодот од 2013 до 2017 година се во вредост околу 520.000 евра. Инвестирајќи во нова енергетски ефикасна фасада, комплетна промена на надворешната дограма, целосна промена на  водоводната и одводната мрежа по вертикала во трите ката во еден крак од зградата – уред, реконструкција на санитарните јазли, поставување на лифт. Се реконструираше детското одделение, школското одделение, логопетската амбуланта, а исто така одделенијата се опремија со нов мебел, се отворија нови лаборатории во неколку населени места, се набавија нови лабораториски апарати. Во соработка со Министерството и Локалната самоуправа Кривогаштани се отвори и пункт во Кривогаштани кој работи во текот на ноќта од 20 часот до 07 часот. Дополнително на тоа, установата располага со одличен возен парк кој е исклучително важен за навремена и квалитетна услуга. Ова се само дел од огромниот број инвестиции кои комплетно го променија ликот на оваа здравствена установа, која доби современ и европски изглед. Лабораторијата во склоп на здравствениот дом е опремена со голем број на современи медицински апарати, со кои се зголеми брзината и нивото на квалитет на точност на добиените резултати. Квалитетот на здравствените услуги во Прилеп значително се подобри, а за тоа секако најголеми заслуги има соработката и поддршката од Министерството за здравство и Владата, Локалната самоуправа, како и беспрекорната соработка со бизнис секторот. Наша цел е овие капитални и историски инвестиции во здравствениот дом да продолжат и во иднина.

Obnoven vozniot park

Каде ќе се насочи Здравствениот дом во иднина?

Нашата визија е Здравствениот дом, како установа од примарен карактер, преку тимска соработка, професионални услуги согласно светските стандарди и медицински протоколи и во иднина да биде лидер во својата област со цел обезбедување врвни здравствени услуги за нашите сограѓани. Како превентивна установа  нашата цел е континуирана примена на нови знаења и вештини и унапредување и развој на дејноста, како и доближување на превентивната медицина до секого.Секоја установа може да го постигне и да го задржи квалитетот само со високо поставени цели. Наша цел е квалитетна здравствена услуга, тоа е и треба да биде печатот по кој сакаме и се стремиме да бидеме препознатливи. За здравствениот дом со долгогодишно функционирање и традиција, ова преставува предизвик и охрабрување да продолжиме да ги негуваме високите стандарди во својата стручност, знаење, хуманост и високо ниво на професионалност.

Loading