И СВЕШТЕНИЦИТЕ ПРОТИВ ПЛАТФОРМАТА

Продолжуваат масовните протести во организација на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија

Sekoja vecer protesti na   graganskata inicijativa za Zaednicka Makedonija

Прилеп е еден од 23 – те градови во кои веќе десет дена масовно се протестира во организација на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија”. Повеќе од 100.000 луѓе излегуваат на улиците, барајќи да се отфрли албанската платформа подготвена во Тирана. Бараат да се запре разнебитувањето на Македонија, да се зачуваат унитарноста, името, знамето, грбот и химната на Република Македонија, и да нема двојазичност на целата територија на државата. Ниту дождот, ниту лошите временски прилики не ги колебаше прилепчани секоја вечер од пред хотелот “Липа” до споменикот Карпалак да излегуваат на мирен и масовен протест. Покрај членовите на повеќе патриотски здруженија, на протестите учествуваат и женските организации и граѓани. Синоќа им се приклучија и свештените лица од Македонската православна црква – Охридска Архиепископија кои маршираа заедно со верниците. Народот ја доби поддршката и од црквата, која секогаш била заштитник на нацијата и православието. Присуството на претствници на МПЦ на вчерашниот протест го најавија камбаните кои биеја на 15 минути. 

Loading