АСНОМЦИТЕ НЕ ВРШЕЛЕ ГЕНОЦИД

Marija Jakimoska - kerka na   Cento

Ќерката на Ченто со порака:

На протестите против урнисувањето на унитарноста на државата, се обрати и Марија Јакимоска, ќерката на првиот Претседател на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто, која ги растрепери националните чувства.

– До сега не можев да се придружам на “фашистичките орди” што одат низ Македонија како што имавме “чест” да нé наречат. Моето чувство не се опишува. Оти се гази на гробовите на оние што ги дале животите во вековните борби за Македонија. За жал, го слушнав лицето З.З. дека не било страшно ако се признае дека во Македонија, Македонците вршеле геноцид. Значи Асномска Македонија вршела геноцид!? Значи Асномците, грото од нив од 1944 – 1956 г. кои беа по затворите во Идризово и на Голи оток, вршеле геноцид над Албанците?!.. Срамно и недостојно за човек што сака се нарече Македонец. Народот не се манипулира, не може да се излаже. Ако го излажете еднаш, вториотпат, знае дека го лажете. Овој народ не е изманипулиран. Им порачувам на нашите деца да ја чуваат Македонија како зеницата во окото, затоа што Македонија е единствена што ја имаме. Имаме обврска кон оние кои загинале и обврска кон, тие што треба да дојдат по нас – рече Марија Јакимоска, ќерката на Ченто.    

Loading