РЕНОВИРАЊЕ ОД КОРЕН

МЦСР

socijalnoСо осум милиони денари од Светската банка, комплетно е реновиран Меѓуопштинскиот центар за социјални работи. На објектот се постави нова енергетски ефикасна фасада, нов систем за ладење, нова дограма, обновени се и санитарните јазли. Поставена е и нова канцелариска опрема, со што се подобрени условите за прием на граѓаните кои ги остваруваат правата од социјалната заштита, а попријатна е и работната атмосфера. 

На свеченото пуштање во употреба на реновираниот објект присуствуваше министерот за труд и социјална политика Диме Спасов придружуван од градоначалникот Марјан Ристески.

Според Спасов, обновата е дел од проектот на Министерството за труд и социјална политика за реновирање на центрите во државава.

Loading