КРАЈ НА НЕДОРАЗБИРАЊАТА СО ЦЕНТАРОТ ЗА МЕДИЈАЦИЈА

СОУ “Ѓорче Петров”

petrov1Во СОУ “Ѓорче Петров” со опремувањето на посебна просторија како центар за медијација се создаде можност учениците со толеранција во комуникацијата заеднички да ги решаваат проблемите со кои се соочуваат во текот на едукацијата. Центарот е во рамките на проектот за безбедни училишта, изработен заедно со ОБСЕ, како партнер кој го одржа зборот за безусловна помош и поддршка. За функционирање на клубот за медијација, одговорните професори и ученици како посредници во конфликтите беа на обука.

petrov2Покрај грант за опремување на просторијата, ОБСЕ донира и систем на видео надзор и друга опрема, која дополнително ја подобрува безбедноста во училиштето. На отворањето присуствуваа претставници на ОБСЕ во Македонија, а директорот Дејан Димоски го истакна задоволството од партнерството за создавање побезбедна средина за школување.

– Центарот ќе биде можност да се стави крај на сите недоразбирања и разлики меѓу учениците. Со подобрувањето на односите меѓу сите субјекти, се подобрува и работната клима додека учениците се едуцираат во хармонична и безбедна средина – рече директорот Димоски.

Партнери се и локалната самоуправа, советот на родители и сите средни и основни училишта.

Loading