ЕФИКАСЕН ТРЕНИНГ ЗА “НЕ ДАЈ БОЖЕ”

ОУ “Гоце Делчев”

vezba„Учениците од ОУ “Гоце Делчев” за три минути го напуштија училиштето, откако беше сигнализиран знак за тревога. Брзо и безбедно, напред се движеа наставниците, додека зад нив чекореа “уплашените” деца, упатувајќи се кон главниот и споредниот влез во училиштето. Надвор ги пречекаа противпожарната единица и мобилната екипа на брза помош. Од ПП единица пристапија кон гаснење на пожарот, а во меѓувреме лекарите од брзата помош проверуваа дали децата се добро.“

Без паника. Ова беше вежба, симулација на пожар од ОУ, која успешно ја спроведоа и децата, и наставниците и персоналот заедно со директорот, Трајче Каралиоски, а во соработка со ПП единицата и Брзата помош. Петки за учениците и пофалби до наставниците кои одговорија на предизвикот, пожар. Пофалби и за ПП единицата и Брзата помош, кои за кратко време стигнаа во училиштето по сигнализираната тревога за евентуална временска непогода, како бура, земјотрес или пожар.  

Loading