Претставата „Кирил и Методиј, who are you“ по текст на Јордан Плевнеш, во режија на Мартин Кочовски, театарот „Војдан Чернодрински“ вечерва ќе ја прикаже предпремиерно, а утревечер премиерно на матичната сцена од 20 часот. Конечно по праизведбата во Охрид, светската премиера во Букурешт и прикажувањето на Екс Понто, прилепските љубители на театарот ќе имаат можност да ја проследат претставата која од критиката е оценета дека има одлична режија, пожртвувана игра на актерите, музика.
„Кирил и Методиј…“ театарот ја реализира со продукцијата НЕТА (Нова европска театарска асоцијација), Сфумато театарот од Бугарија, а е поддржана од Министерството за култура.