ИЗЛОЖБА НА ДЕЛ ОД 920 РАРИТЕТНИ НАСЛОВИ

Библиотека

Раритетната збирка на книги во библиотеката ќе биде понудена на увид на барање на посетителите. Сите изданија на книги, материјали издадени пред 1945 година ќе се издвојат како дел од културното книжевно наследство во Македонија.

– При внесувањето и обработката на книжниот фонд во библиотеката во Кобисс системот, ги издвојувавме и изданијата и по 1945, за кои сметавме дека имаат книжевна и литературна вредност и се ретки изданија. Збирката брои околу 920 наслови. Континуирано се обработува и се ажурира и со купување на вредни книги и материјали кои имаат литературна и историска вредност и можат да бидат дел од културното книжевно богатство. Некои се даваат како подарок – вели д-р Наде Караџоска.

Ќе бидат презентирани и стари фотографии и ракописи.

Најстара книга во библиотеката е Фамилијарната библија од 1894 година.

– Библијата ја донесе наш колега од Канада, добиена како подарок од негови роднини. Потоа следат делата на В. Хого, “Избрани речи и прокламации” од 1896 год., популарното дело од Стеван Сремац “Ивкова слава” од 1899 год., “Драматски списи” од Ј. Стерија Поповиќ, 1902 год., “Турција и нејзината армија”, 1905 год.,” Српски бакрорези 18 века” од 1923 год. Тука е книгата за Манастирот Св. Архангел Михаил… Има и од постарите изданија на “Сердарот” од 1952 год. и многу други вредни книги и ретки изданија со посебна историска и литературна вредност – објаснува Караџоска.

Loading