ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА „МУЗЕЈ НА ЖЕНСКИ ПРИКАЗНИ“

Од сношти до 13 октомври во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ поставена е изложба „Музеј на женски приказни“. Станува збор за афирмирање на улогата на жената во општествено-политичкиот, социјалниот и семејниот контекст преку исчитување на културните значења, симболи, асоцијации, задскриени зад историските факти од првата половина на 20 век во Битола, Прилеп и Крушево.

На предавањето говореа Љупчо Печијарески, Рубинчо Белчески и коавторките Искра Гешоска, Христина Иваноска и Виолета Качакова.

Loading