ВЕЛОСИПЕД МЕСТО АВТОМОБИЛ

Одбележана европската недела на велосипед

velosipedОколу 200 ученици од средните училишта, претставници на невладините организации и граѓани учествуваа во велосипедско -пешачкото дефиле кое се одржа по повод “Европската недела на мобилност”. Преку масовното учество, младите покажаа дека повеќе сакаат да го користат велосипедот, отколку автомобилите.

Претседателот на Совет Никола Димески потсети дека возењето  велосипед како алтернативно превозно средство, има многу позитивни придобивки – еколошки, здравствени и финансиски.

Манифестација беше одбележана во сите поголеми европски градови, а има за цел да го поттикне пешачењето и движењето со алтернативни видови на превоз, со што би се намалил сообраќајот и загадувањето на животната средина.

Настанот го ораганизираше локалната самоуправа во соработка со Министерство за животна средина и просторно планирање. 

Loading