ИГРА НА ЧАС ПО МАТЕМАТИКА

Во ОУ Кочо Рацин

natasaНекогаш многу популарната игра “Не лути се човече”, повторно оживеа. Овојпат, играта го “зазеде” подот на училницата во 1А одделение во ОУ “Кочо Рацин”. Ако преку игра најдобро се учи, тогаш првачињата во улога на фигури од џиновската колективна игра исцртана на подот, сигурно дека одлично ќе научат да бројат, собираат и одземаат. 

– Глобализацијата на општеството минува низ трансформации карактеристични со експлозијата на знаење и информатика. Ако порано целта на образованието беше да се усвои постоечкото знаење, денес се учи како постојано да се усвојуваат нови знаења. Учењето стана процес кој трае непрекинато и е минимален услов за прилагодување кон промените и постигнување на успех во сите области.

– Актуелните промени во образовниот систем, од наставникот бараат не да држи часови, туку да образува. Да биде отворен и подготвен за радикални промени, да е запознаен и да применува нови стратегии, кои ќе овозможат ефикасно и ефективно учење. Најдобрите резултати се постигнуваат преку користењето на стратегиите на активно учење – објаснува Наташа Мирческа, одделенски наставник.

Новиот начин на проучување во ОУ “Кочо Рацин” беше поттик за дополнителна мотивација на учениците од почетните одделенија и реализација на идејата која ги воодушеви и првачињата и родителите.

Loading