ЕПТЕН ДОБАР, КРКАМ БАР

krkamОд неодамна, љубопитството на гурманлиите се насмеа со новото место за “кркање”, од каде се шири мирисот на вкусни и несекојдневни специјалитети. Не за џабе и името е Кркам Бар. Тоа се памети по полниот стомак при напуштањето и, секако, по желбата за ново кулинарско доживување. Младиот сопственик, Никола Јанчески, 12-13 години како менаџер по локалните кафулиња, почувствувал порив за напредок со сопствен бизнис. Посетил 5-6 различни земји, позајмил идеи, и од збирот на сé што видел, слушнал, вкусил и осетил, креира свој мал рај, нешто уникатно, како што нема на никое друго место, кое стана и бум и атракција. Од првичната идеја за мал бар со мезалаци, “бувнале” идеи за разни специјалитети, и Кркам Бар се формирал како ланч бар ресторан за кој цел град зборува како синоним за добри луѓе, квалитетна музика и вкусна храна.

– Идејата беше да има и неколку видови на јадење, со пијалокот да се замези нешто, да се задржи муштеријата, оти локацијата е на излезот од градот. Да не се постават само маси и столици, туку иновативно, различно, да се постигне ефект на конкурентност. Три месеци траеше интезивното уредување со десетици различни мајстори и дизајнери. “Душата да ти излезе”. Малку и сами молерисувавме и уредувавме – вели Јанчески.

Секој се труди на свој начин да привлече внимание. Ангажирале најдобри готвачи, подготвуваат пица, по месец ипол проба на сите специјалитети. И се добил вистинскиот модел. Имињата на пиците се според сликите од славните поставени по ѕидовите, како Морисон, Присли, Монро, со исти состојки, но со необичен вкус, и во несекојдневна форма. За вкусната храна од богатото мени, вложуваат внимание да се зготви, за што треба и време. Некогаш муштеријата знае да се разочара кога почекува, но откако ќе се накрка, воодушевен е велејќи “вредеше  чекањето”.

– Замислата е со резервации на маси, да нема непријатни ситуации и да не можеме да ги услужиме гостите. Посветивме внимание и на квалитетот на музиката. Викендите се загревање пред да се премине на забава. Редовно организираме “дешавка” – артист, група, пеач, ДЈ… Сé што е квалитетна музика, гостите да уживаат во пријатниот амбиент, со одлична услуга, превкусна храна, што ја определува и клиентелата – додава младиот сопственик.

Веќе има бурна навала во секое време, секој ден. Тешко се стигнува до столче и маса, без резервација. Надвор од градот е, опкружен со природа, во ентериер што асоцира на луксуз и алузија дека животот е бескрајно вкусен, небаре рај, бегството од стереотипите се прави со седенки со пријателите, средби со семејството, следење на спортски натпревари, муабети меѓу другари и другарки, љубовни и брачни двојки, бизнис партнери. Остава впечаток дека секогаш нешто се случува, иако гостите дошле да се опуштат да врзат по некој збор додека се лижат прстите од специјалитетите и увото е галено од добра музика. Комплименти делат дури и пребирливите гурмани. Не се крева глава од метеж додека водат сметка на секоја забелешка. Локација на влезот, односно излезот од градот, е мамка и за гости од други градови, кои “потклекнуваат” на аромата на вкусна храна, а добриот глас и надалеку се слуша.

– Напорно се тера бизнисот. Нужен е целодневен ангажман, оти гостите бараат внимание, без затајување и отсуство на ситни незадоволства. Нé “храни” кога се коригираат мали пропусти за комплетно задоволство на муштериите. Тоа нé одржува и нé бодри да се трудиме и не чувствуваме како минал денот, како се родил друг, туку со нов елан се влегува во ново изгрејсонце, речиси до нова мугра. Тоа се забележува и цени, особено квалитетот. Затоа по првиот престој се бара ново столче и се активира “рикверц”. Не застануваме, туку постојано трагаме и внесуваме новитети, од промена на ентериерот до менито, само да не се тапка в место. Секое ново доаѓање, муштериите да доживеат ново возбудување, малку нов амбиент и полни со задоволства да заминат со поздравот “Ќе се видиме пак”. Поинаку, гостите се заситуваат и времето ќе нé прегази – кажува младиот Јанчески.  

Комоција, луксуз, необичен квалитет, вкус кој се среќава првпат, добра усуга, одлична музика. Тоа е Кркам Бар.

Loading