НИКНУВА ПРОИЗВОДСТВЕН ПОГОН

ВО ТИРЗ АЛИНЦИ

– Американците планираат фабрика на 20 илјади м2 со инвестиција од 20 милиони евра и 2000 вработувања

Prviot-objekt-na-Genterm-vo-AlinciВо напредна фаза е градбата на фабриката на Гентерм во технолошко индустриската развојна зона Алинци, која ќе произведува системи за затоплување и климатизација на автомобилски седишта. Американската инвестиција на почеток ќе обезбеди 1000 нови вработувања, а тоа ќе значи и сигурна егзистенција за 1000 семејства. Стотина прилепчани веќе ја минаа двомесечната обука во украинската фабрика на Гентерм. Црпеа искуство и знаење за производите од автомобилската индустрија кои вклучуваат системи за затоплување и разладување на автомобилски седишта, држачи за чаши, за загревање и за вентилација на седишта, системи за затоплување на автомобилски ентериер и други електронски системи. Веќе еден дел од идните работници по враќањето во Прилеп, ќе почнат пробна работа во најмен објект во простор на фабриката Партизан.           

Компанијата од Детроит планира фабриката да биде на 20 илјади м2. Во првата фаза, погоните ќе се простираат на 6.500 м2, за инвестицијата од 20 милиони евра, која понатаму ќе продолжи, така што можно е да бидат ангажирани околу две илјади работници.

Градењето на фабрика во Прилеп за греачи на седишта и волани за автомобили е инвестиција која ќе доведе до раздвижување на економијата и подигање на животниот стандард.

GentermМакедонија и Прилеп обезбедуваат конкурентна средина за понатамошни амбиции за раст во Европа.

Гентерм е глобален лидер во производството на технологии за термален менаџмент со широка палета на производи за затоплување и разладување и апликации за термална контрола и веќе поседува производствени фабрики во Украина, Мексико, Лангфанг, Кина.

Паралелно продолжуваат инвестициите од Локалната самоуправа во инфраструктурата во индустриските зони Прилеп 1 и Прилеп 2 каде ќе се отворат нови работни места. 

Loading