ДРЖАВНА БРОНЗА ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ

penzioneriПензионерите неуморно докажуваат дека умеат да се натпреваруваат и во третото доба. На пензионерските спортски дуели во Скопје, меѓу 53 здруженија, успеаја екипно да се пласираат на третото место, веднаш зад Куманово и Охрид. Сребро освоија мажите во тробој, а пензионерките во табла и во пикадо. Се вратија и со повеќе четврти места. Второпласираните кумановчани им побегнаа само за 5 поени.

Пред заминување, како севкупни победници на регионалните натпревари, имаа прием кај градоначалникот Марјан Ристески.

Loading