Електро Точила
Во ориентацијата на компанијата Електро Точила е и трговијата со бела техника. При крајот на август веќе се нудат печките на цврсто гориво. Атрактивни се камините на дрва. Последниве години влечат очи и се купуваат помодерните, кои за огревен материјал користат пелети. Тоа се печки што греат со ситни дрвени гранулати, кои се тураат во печката и кои согоруваат речиси 95 отсто, со што сосема ја искористуваат калоричната вредност. Предноста е во тоа што печката се полни со пелети врз основа на нејзиниот капацитет и врз база на потрошувачката, односно според потребата за греење и според температурата надвор. Различните модели на печки имаат различни капацитети, дури и за инсталирање на парно греење.
Новата технологија, и не е така нова, зашто во Европа се експлоатира повеќе од 30 години. Но, полека, се прифаќа и кај нас. Првите ластовички, односно првите сопственици, ја потврдуваат ефикасноста, олеснувањето при полнењето, греењето без отпадоци и опасност од ѓубре и чад. Накусо, реакциите се позитивни, а искуствата поволни. Засега нема масовност, оти владее резерва и сомнеж кај дел од граѓаните.
Александар Димчески од Електро Точила вели дека секоја новина не е лесно да стане стандард. Се доловуваат бенефитите со трудољубивост и се успева да се убедат сé повеќе граѓани да го решат прашањето на греењето в зима.
– Пофункционален е начинот на греење со печки на пелети од сé друго. Правиме и презентации, првин со мајстори кои поставуваат систем за парно греење. Искуството на еден муштерија се маките да прибере 16 м3 дрва во 10 м2, а живее на трети кат. Тоа значи дека секој ден качувал дрва да се грее цел ден. Тој пренесе дека со пелетите му се исплатило и му било далеку поедноставно и подобро. Веќе не се малтретира, не складира огревни дрвја, не водел грижа за чување и еден тон му биле доволно за долго време, особено поради ЕУ станадардите за висока енергетска ефикасност вградени во пелетите и печките – објаснува Димчески.
Тој додава дека греењето со пелети е и економично, автоматизирано и еколошко.
Греењето на дрва создава многу јаглерод диоксид, а пелетите се прават од дрвен чипс, без хемикалии и адитви, единствено сврзивно својство е лигнинот што се наоѓа во самото дрво. При согорувањето испуштаат десетпати помалаку CO2.
Пелетите се обновлив енергенс и препорачлив поради пристапните цени за постигнатиот топлотен ефект во однос на количеството. Електрониката дозволува да се програмира греењето за седум дена, додека кај класичното греење со дрва нужно е полнење на горилникот такаречи нонстоп за да биде топло. Таа овозможува да се постигне температура или да се намали, да се исклучи, да тлее и самостојно да се дозира при температурни разлики.
Електро Точила ги препорачува печките на пелети за млади семејства и за станови каде нема доволно простор за сместување во двор, но и за сите други кои сакаат да инвестираат во купувањето “мир”.
Првичната инвестиција е скапа, но во соработка со банките можно е да се крене еко кредит за камин за парно, камин на пелети, соларен систем и тн. Плаќањето е до 76 рати со грејс период од 6 месеци и со камата од 5,5 отсто. Апелираат да се избере поквалитетното.
Електро Точила од 1993 година е насочена во продажбата на бела техника и акустика и огревна опрема. Последните десетина години освојува дел од пазарот за електрични и водоводни инсталации, климатизација, вентилација и огревна опрема за големи објекти.
Цела зима за 14 илјади денари
Камин од 8 киловати е доволен за површина од околу 50 м2. За старт потребни се максимум 60 илјади денари. Потрошувачката за 180 дена е 700-900 кг. во сезона. Или околу 14 илјади денари. Производителите гарантираат 2 год. на електрониката, 5 на каминот или на котелот. Обезбеден е сервис.