ЕМ ПЕНЗИОНЕРИ, ЕМ СПОРТИСТИ, ЕМ АКТЕРИ

penzioneriПрилепските и кумановските пензионери се сретнаа во Прилеп да ги одмерат силите во трчање, фрлање ѓуле и скок во далечина. Беа одиграни и неколку партии шах, табла и домино, а стрелците со пушка гаѓаа во метите на стрелиштето. Покрај дружбата имаа и работен состанок на претседателите од двете здруженија, дополнет со колегите од Крушево, Битола, Радовиш и Кочани. Се разменија мислења за натамошната соработка на повеќе полиња.

– Преку средбите го олеснуваме стареењето. Животот е подобар со дружење и спортски натпревари – истакна претседателот Кирил Ѓорѓиоски.

Пензионерите артисти од Куманово во театарот “Војдан Чернодрински”, ја изведоа претставата Сомнително лице од Бранислав Нушиќ., 

Loading