ТОПКИ ЗА СИТЕ КЛУБОВИ

KostaОпштинскиот фудбалски сојуз, преку ФФМ, заедно со Локалната, донираше реквизити за фудбалските клубови. Нови, убави, квалитетни топки произведени од германската компанија “Јако” добија третолигашите и членовите на општинските лиги. Продолжува поддршката за најпопуларниот спорт, со кој се занимаваат младите во речиси сите поголеми населени места во општинава. Покрај терените, кои се во најдобра состојба, како Градскиот, кај Зоолошката, Гарнизонот и Могилата, и опремата е еден од условите за добар фудбал.

Loading